Избор на уредникотСвет

ВИДЕО: Храбриот Србин скокна пред ножот и спречи трагедија

Србинот Милован Богуновиќ (45), со потекло од Босна, си поигра со сдбината и стана славен во Германија каде се најде на насловните страни откако во градот Гитерсло скокна на напаѓачите и со нож ги спречи да му зададат смрт на човекот кој веќе беше тешко ранет.

Милован Богуновиќ веќе 24 години живее во делот во Северна Рајна – Вестфалиј, во градот Ред-Виденбрик, а јунак стана откако судбината тој ден го однесе во општинскиот катастар.

„Каква е таа бука“, се запраша Милован кој кобниот ден отиде во катастарот, и минута подоцна се најде на местото на можната трагедија, каде како што самиот посведочи, се нашол човек чија глава била облиена во крв.

„На само два-три метри од мене видов момче со нож“, вели Милован додавајќи дека на подот покрај напаѓачот, во една од канцелариите на катастарот, лежел друг маж, целиот во крв, ранети во градите и стомакот. Сакаше да ме нападне и мене, но само му ја треснав вратата пред носот“, опишува тој.

Во меѓувреме на крвавото место стигна и полицијата, а вработените напаѓачите ги заклучи во канцеларијата. Тешко ранетиот веднаш беше префрлен во болница и животот му беше спасен благодарение на Милован кој напаѓачот го треснал со вратата од канцеларијата и ранетиот човек го извлекол од ходникот.

Милован, инкау,  е оженет со Германка со која има три деца, и ја извлече жртвата која беше во животна опасност во ходникот.

Поврзани вести

Back to top button