Сопругот ја оставил кога останала неподвижна: Посмислувала на самоубиство, а потоа се случил чудесен пресврт
По тешкиот мозочен удар кој ја парализирал од половината надоле во март 2015. година, Рајона Кели не очекувала дека повторно ќе биде среќна.
Уште во кревет, пет дена по мозочниот удар, нејзиниот сопруг, Ричард, со кого била заедно 14 години, побарал развод откако дознал дека сопругата никогаш нема да го врати чувството во нозете.
“Откако побара развод, останав потполно сама”, рекла Рајона.
Кога и било кажано дека ќе треба месеци, ако не и години, за да се опорави, Рајона признала дека била подготвена да се откаже од се. “Знаев дека морам да бидам силна поради моите деца”, рекла. Тоа било единствена мотивација која ја имала за да оздрави.
“Прв пат кога излегов надвор со количка мислев дека сите гледаат во мене, го мразев тоа и се мразев себе”, рекла. “Да можев бирам ќе си го одземев животот, не сакав повеќе да живеам”.
Во јануари 2016. година, Рајона на Фејсбук објавила оглас во кој барала личен тренер кој би и помогнал да ја врати силата, а нејзините пријатели и го препорачале Кит Мејсон.
Поранешниот рагбист и помогнал на Рајона повторно да прооди, па останале во контакт и по крајот на нивниот договор, што довело до продлабочување на нивната врска.
Рајона изјавила дека била шокирана од фактот дека “прекрасен играч на американски фудбал” сака да биде со жена инвалид како неа. Но, Кит рекол дека Рајона го инспирира. Го охрабрува секој ден и ги разбира нејзините болки и победи.
“Заедно сме веќе 11 месеци, децата го сакаат, а јас кончено се чувствувам како да го живеам животот што го заслужувам”.
Ја пронашла својата љубов и ја открила својата нова страст по снимањето на својата прва реклама за “Models of Diversity”.
Учествувала и на два маратони со својата количка, која сега ја користи само за минување на поголема далечина.
“Гледајќи во минатото, мојата несреќа воедно беше и најдобрата работа што ми се случи”.