Избор на уредникотМакедонијаТоп

Срамно и малограѓански: Функционери потрошиле над 1,4 МИЛИОНИ денари народни пари за неколку месеци во скопски кафич!

Функционерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ за неколку месеци потрошиле 1.421.616 денари во скопското кафуле Инкогнито Мош.

Од јавно достапните податоци на „отворени финансии“ се гледа дека сумите понекогаш оделе и над 100.000 денари. Редовни гости биле од Министерството за транспорт на Александар Николоски, Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски, Министерството за економија на Бесар Дурмиши, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за лекови, Министерството за образование на Весна Јаневска, МНР на Муцунски, како и министерствата за правда, култура, европски прашања, јавна администрација.

Највисоката сметка е над 135.000 денари и е платена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Колку и како трошеле од народни пари видете во продолжение:

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2