Скопски бизнисмен: Криминалците-бодигарди од СДСМ, повторно рекетираат

Објавено: четврток, 31 август 2017 во 16:10
Spread the love

Против екс шоферот на Владо Бучковски, Томислав Перовски, познат како Тони Кота во Кривичниот суд се води процес за измама. Бизнисмените кои го тужат се жалат дека постојано се изложени на притисоци од него, кој со враќањето во партискиот штаб се повеќе зема сила.

-Не можам глава да кренам од закани, два пати го пријавував во полиција и МВР ништо не презема. Упорно не малтретира и во суд преку контакти и врски кои ги има врз партиска основа. Се прашувам дали криминалот на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и со бизнисмените и бодигардите на СДСМ, вели за А1он скопски бизнисмен.