Исламската држава ја нападна Турција – Убиени 70 турски војници

Објавено: четврток, 17 декември 2015 во 09:51
Spread the love

Исламска држава извела артилериски напад врз турски воен камп во областа Башик на околу 23 километри од Мосул, градот кој Исламска држава го смета за свој центар во Ирак, пренесува Раша тудеј.

turska armija

Претходно беше јавено дека четворица турски војници се ранети во гранатирањето на турската база на северот на Ирак. Турката база се нашла на удар на џихадистите на ИСИС во големата офанзива на Исламска држава врз курдските позиции северно од Мосул, во која учествувале и бомбаши самоубијци.

Шест или седум гранати паднале врз воената база за која турската војска тврди дека се користи за обука на курдските борци за борба против ИСИС.