Избор на уредникотСвет

Путин: Не знам дали Турците ги лижат Американците, но тоа не е паметно

Путин за овој одговор на прашањето за односите со Турција добил голем аплауз на годишната прес конференција, и додаде дека чинот на соборувањето на воениот авион го гледа како непријателски.

-Потезите на турските власти се непријателски. Авионот беше урнат, луѓе беа убиени, а она што е особено вџашувачко е што, ако тврдат дека е несреќа, сѐ уште нема извинување, рече Путин.

Рускиот претседател кажа дека проблемот е во тоа што официјална Анкара наместо на Москва му се обрати на НАТО во Брисел. -Во овој момент, со оваа власт во Турција, нема простор за унапредување на односите, оцени Путин.

-Се покажа и дека Брисел нема ништо со тоа. Ако е несреќа, свртете на телефон, објаснете, извинете се. Наместо тоа, тие се кријат зад НАТО. Во такви услови невозможно е да се преговара со Анкара. Турција не прави никакви чекори да ги подобри односите и не гледам простор или начин за унапредување на односите во ваква ситуација, рече Путин.

На новинарското прашање дали постои „трета страна“ во руско-турските односи, претседателот на Русија кажа дека „не може со сигурност да каже дека постои“.

-Сепак, можам да верувам дека на некое ниво постои некаков договор или консултации за соборувањето на авионот… Не знам што мислеа? Дека ќе избегаме? Не сме таква земја, кажа Путин.

Потоа го даде својот коментар за „лижењето“ и истакна дека тоа не им е „баш добра идеја“.

Путин не ја искористи шансата при едно од прашањата да ги повика Русите да ги почитуваат турските државјани во Руската Федерација, по депортацијата на студентите и турските бизнисмени, но затоа ги предупреди „сите што зборуваат турски во Русија“.

„Вие сте исто така дел од Русија, не бранувајте. Турските лидери ни забија нож во грбот“, кажа Путин, разделувајќи ги турските граѓани од лидерите на таа земја.

Рускиот претседател им испрати и порака на турските власти, дека „ако планирале, нема повеќе да можат да го нарушуваат воздушниот простор над Сирија“.

-Тоа повеќе нема да го можат. Таму се сега нашите С-400, системите БУК и друго оружје. Па нека пробаат, истакна Путин.

Зборувајќи за Сирија, Путин кажа дека политичкото решение е единственото добро и возможно, дека компромисот е возможен, но и дека се потребни отстапки од сите страни.

-Иднината на Асад е во рацете на сирискиот народ. Што се однесува до нашето дејствување во Сирија, планот на Русија за решавање на кризата во дел од клучните точки се поклопува со планот на САД, заклучи рускиот претседател.

Поврзани вести

Back to top button