Докажано: Мобилните телефони можат да предизвикаат рак
Здравствени институти ширум светот имаа задача од Светската здравствена организација низ изминатите две децении да спроведат истражувања дали сигналот од мобилните телефони е опасен за човековото здравје и дали може да предизвика рак.
Научниците од Националната програма за токсикологија изложиле машки стаорци на видот на радиофреквенции кои вообичаено се емитуваат од мобилните телефони. По изложувањето, научниците пронашле два типа на тумори во мозокот и срцето кај животните. Тумори не биле пронајдени во стаорците кои не биле изложени на фреквенциите. Повеќе од 2500 стаорци биле дел од експериментот, изложени на различни интервали во период од две години за потребите на истражувањето.
Првичните наоди кои излегоа во 2011-та ги дадоа првите откритија дека мобилните телефони кои имаат силна радијаца се штетни особено за мекото ткиво на телото, па затоа тогаш се препорачуваше поретко да го држите телефонот во џеб кога не морате, да избегнувате да разговарате кога сигналот е слаб бидејќи зрачењето тогаш се зголемува и да не го држите телефонот блиску до телото навечер кога спиете.