Путин: Имам 12 куршуми, само еден е за мене, другите 11 се за вас
Во далечната 1989 година, Путин како мајор на КГБ служел во Дрезден, Германија. Работел рака под рака со тамошниот Стази. Кога паднал берлинскиот ѕид, денешниот руски претседател бил еден од малкумината советски државјани кои лице в лице се сретнале со бесните демонстранти кои нестрпливо чекале да се заврши времето на поделената Германија.
Откако ја уништиле канцеларијата на Стази, тие се упатиле кон зградата во која биле сместени Путин и неговите колеги од КГБ. Мајорот Путин тогаш успеал да ја одбрана зградата, а на негова страна биле само една мала група агенти и неговиот пиштол.
Во еден момент тој излегол пред бесната маса луѓе на кои им се обратил на германски јазик.
– Ова е советска територија, а вие стоите на нејзината граница. Имам 12 куршуми, само еден е за мене, останатие се за вас. Крајно сум сериозен кога ви велам дека нема да се двоумам да пукам во секој што ќе го загрози нашиот посед.
Сведоците велат дека Путин тоа го кажал со ледена сигурност и решителност по која подоцна и ќе стане препознатлив. Нема сомнеж дека бесната толпа би се разбегала кога би знаела дека пред нив стои човекот кој ќе стане еден од најмоќните во светот.