ЖивотИзбор на уредникот

Држете го крвниот притисок во нормала: Заменете го кафето со сок од домати

Некои луѓе со низок притисок не чувствуваат големи тегоби, но на некои хипотензијата, особено ако доаѓа до нагло снижување на притисокот, им го отежнува секојдневниот живот. Нискиот притисок може да биде вообичаена физиолошка состојба на некоја индивидуа, а се јавува како последица од некои болести, земање лекови, дури и промена на положбата на телото (ортостатска хипотензија). Постои и посебен вид на хипотензија, постпрандијална која настанува после обилен оброк.

За да го држите притисокот во нормала и да ги спречите тегобите, потребно е да усвоите одредени навики:

Храната нека ви биде доволно солена.

Наспроти тоа што повеќето пијат кафе за да си го поткренат притисокот, после краткотрајниот скок, како последица од внесувањето на кофеин, притисокот најчесто паѓа на уште пониско ниво.

Избегнувајте нагло станување од лежечка или седечка положба.

Спијте на перница која е под агол од пет до 20 степени во однос на креветот.

Избегнувањето кревање на тешки работи.

Пијте доволно вода.

Јадете помалку, а почесто.

Јадете производи што го креваат притисокот – сок од цвекло, сок од домати, маслинки и други производи што содржат сол.

Избегнувајте долги туширања со топла вода, капење во термални базени.

Не е потребно да се земаат лекови, а кој сака може да проба со чаеви (чај од рузмарин), или со хомеопатски препарати.

Поврзани вести

Back to top button