МакедонијаТоп
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор: Девојче тепано и влечено за коса во скопски Аеродром, десетици деца се смеаат и снимаат

Нов случај на врсничко насилство меѓу малолетници, овој пат во скопската населба Аеродром. Во текот на денешниот ден снимката се прошири на социјалните мрежи.
На видеото е прикажано малолетно девојче кое е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња физички и вербално го напаѓаат.
Инцидентот се случува во присуство на поголема група малолетници кои со своите мобилни телефони го документираат целиот настан.
Наместо да го спречат малтретирањето, дел од присутните момчиња и девојчиња активно го поттикнуваат физичкиот напад врз жртвата.
Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката како изјавува едно од присутните момчиња, додека друг повикува „уште еднаш, уште еднаш“.


