Uncategorized

Видео: Магична „средба“ на Млечниот пат со поларната светлина

Мациеј Виниарцук, кој живее во Шкотска бил вчудоневиден кога ја забележал поларната светлина на видеото чија првична идеја била да направи тајмлапс снимка на Млечниот пат.

Тој изјавил дека иако во изминатите години имал многу обиди за снимање на овој магичен феномен, сепак оваа ненамерна снимка е нешто кое навистина не го очекувал.

На краткото видео можеме да го видиме Млечниот пат покрај кој блеснува поларната светлина во сиот свој сјај.

Гледајќи го тоа изобилство од бои и движења одеднаш сфаќате дека природата е нешто на кое воопшто не му е потребен Фотошоп за да ги создаде најубавите појави кои човечките очи некогаш ги виделе:

Поврзани вести

Back to top button