Живот

Најмоќните луѓе некогаш правеле хамбургери, собирале пластични шишиња…

Денес тие се меѓу најбогатите и најмоќните луѓе во САД, но и во светот. Повеќето политичари, ѕвезди и познати јавни фаци почнале да работат како и сите „обични смртници“. Работеле сè, само за да заработат некоја пара, а потоа ги искористиле своите 5 минути и достигнале до она што се денес.

Хилари Клинтон – чувар во парк

klinton

Во автобиографијата „Тешки избори“, Клинтон напишала дека нејзината прва работа била на 13 години. Била чувар на паркот оддалечен неколку километри од нејзината куќа во предградието на Чикаго, каде што влечела количка со топчиња, стапови за голф и јажиња за скокање.

– Моите родители сметаа дека напорната работа и застанување на свои нозе е многу важно, па се погрижиле да научиме да ги цениме парите и да бидеме горди на добро извршената работа, напишала Хилари.

Доналд Трамп собирал шишиња

трамп

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пораснал во богата фамилија, но неговиот татко сакал од мали нозе да ги цени парите. Малиот Доналд и неговиот брат често биле на градилишта каде што собирале празни шишиња кои подоцна ги носеле на откуп. Иако не заработувале многу, научиле дека до пари се доаѓа со работа.

Берни Сандерс работел како столар

sanders

Американскиот претседателски кандидат работел многу во младоста. Бил столар и режирал документарни филмови, пред да го изберат за градоначалник на Берлингтон во 1981 година, на 39 годишна возраст.

Ричард Брансон одгледувал птици и дрвја

branson
Милијардерот и основачот на компанијата Virgin заработувал уште од мали нозе. Имал 11 година кога тој и неговиот најдобар другар почнале да одгледуваат папагали и да ги продаваат на своите другари. Потоа купиле мали елки, надевајќи се дека со нив ќе заработат за Божиќ, но мали зајчиња им ги уништиле уште пред да ги понудат на купувачите.

Мариса Мајер работела како продавачка

marisa

Кога имала 16 години, директорката на Yahoo се вработила во самопослуга во Висконсин. Вели дека благодарение на таа работа се запознала со вредноста на работната етика и сфатила колку луѓето мора да бидат економични во секојдневниот живот.

Варен Бафет разнесувал весници

varet
Бафет од мали нозе заработувал и штедел. Неговото богатство денес се проценува на 61.2 милијарди долари и тој е еден од најбогатите луѓе во светот. Како 13-годишник заработувал така што ги разнесувал дневните изданија Washington Post. Во тоа време, вложувал 1.200 долари за купување 16 хектари земја.

Барак Обама продавал сладолед

barak

Американскиот претседател пораснал во Хонолулу, а како тинејџер продавал сладолед во слаткарница.

Опра работела во бутик

opra

Првата афро-американка која стана милијардерка, поминала трнлив пат до постигнување финансиска сигурност. Како дете живеела во сиромаштво. Додека живеела со татко и во Нашвил, работела во бутик веднаш до неговата берберница.

Поврзани вести

Back to top button