(ВИДЕО) Загрозен животот на милиони: Браната кај Мосул пред рушење
Американскиот генерал Шон Мекфарленд, водачот на коалицијата на чело со САД која се бори против терористите од Исламска држава, предупреди дека браната на северот од Ирак би можела да се урне што би имало катастрофални последици.
Американската војска заедно со ирачката влада разработува план за спасување на цивили во случај на најлошо сценарио.
Браната е изградена во 80-тите години на минатиот век, се наоѓа северно од Мосул, а нејзината состојба е таква што полека се создаваат пукнатини, наведува АП, и додава дека Иранчаните немаат средства за одржување на браната.
Американски воени инжинери детално ја прегледале браната во Мосул уште во 2006 и заклучиле дека тоа е најопасната брана на светот и дека ако пукне градот ќе се најде под вода долабока 20 метри. Дејството на џихадистите на ИСИЛ во близина на браната само ја влошува состојбата бидејќи ги протеруваат техничарите и работниците и крадат опрема.