Македонија

„Заев да ја вразуми лекомислената Шекеринска и да ѝ се извини на Русија“

Народно движење за Македонија и народот ја споделува вчерашната вознемиреност на руското Министерство за надворешни работи за изјавата на Радмила Шекеринска за агенцијата „Блумберг„ дека членството во НАТО ќе ја заштити Македонија од руско мешање.

„Ваквата лекомислена изјава на Шекеринска протолкувана со други зборови неосновано ја сместува Русија во непријателска земја спрема Македонија и го руши концептот на пријателски односи со Русија.

НДМ ја потсетува Шекеринска дека Русија е светска велесила и членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, ја признава Македпнија под уставното име и никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, идентитетот на македонскиот народ, а неодамна рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста на Русија се должи на македонската земја. Затоа, обидот на Шекеринска да ја претстави Русија како земја која се меша во внатрешните работи е врв на политички дилетантизам, земајќи предвид дека Шекеринска во македонската политика е 27 години“, се вели во соопштението на Народното движење за Македонија. НДМ, исто така го повикува Зоран Заев како премиер на Република Македонија која официјално се залага за развој на конструктивни односи со Русија и јакнење на билатералната соработка, да се огради, како што се вели, од недоветната изјава на Шекеринска и веднаш да се извини на народот на Русија.

Поврзани вести

Back to top button