Македонија

Русија негира – Шеќеринска не ги дава транскриптите

Обвинувањата на сметка на Москва за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија се фабрикувани и неосновани, соопшти руското Министерство за надворешни работи, демантирајќи ја објавената информација на агенцијата „Блумберг“.

Изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова е дадена по интервју на македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска за „Блумберг“.

– Имајќи предвид дека претходната жртва на „Блумберг“ неодамна беше и српската премиерка Ана Брнабиќ, ја повикуваме агенцијата да објави целосен текст од интервјуто, како и аудио и видео снимка од разговорот со Шекеринска, изјави Захарова, сметајќи дека тоа се „неосновани обвинувања“.

Таа додаде дека во тие инсинуации се гледаат обиди од страна на непријатели на Русија и Македонија дополнително да ги искомплицираат традиционално пријателските односи меѓу двете држави.

Шекеринска нема да ѝ ги даде на Москва транскриптите од интервјуто за „Блумберг“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не планира да ги даде транскриптите од интервјуто за британската новинска агенција „Блумберг“, соопштија за „Мета“ од Министерството од одбрана.

– Министерката за одбрана нема намера да се меша во работата ниту на домашните, ниту на странските медиуми и оттаму воопшто не би сакале да го коментираме барањето на руското МНР за транскрипт – велат од МО.

 

Поврзани вести

Back to top button