Вознемирувачко видео: Обуката на подмладокот на исламистите – Убиваат сурово и без милост!
Во болното пропагандно видео кое го претставила Исламската држава, се гледаат деца војници како ловат заробеници и ги убиваат во една напуштена зграда.
“Лавчињата на калифатот” како што се нарекуваат во видеото, минуваат низ стандардна војничка обука.
Децата кои не се постари од 10-11 години, се движат од соба до соба и проверуваат дали се празни.
Разликата помеѓу стандардниот камп за обука е тоа што таму метите се дрвени, додека овие деца се принудени да бркаат живи заробеници.
Тие очигледно се доведени преплашени во зградата, каде на кратко се сокриле. Кога малите војници ги наоѓаат, тие молат за милост, но без резултат. Еден по еден се ликвидирани.
Џихадистите често користат деца во своите пропагандни филмови, бидејќи знаат дека така ќе постигнат голем ефект. Исто така, со тоа ги потврдуваат исказите дека ИСИС и натаму е функционална организација.
Според проценката на експертите, ИСИС регрутира деца со невидена брзина. Според проценките во редовите на исламистите има и 1.500 деца.