ВИДЕО: Убиство на околу 60 припадници на ПКК

Објавено: понеделник, 8 февруари 2016 во 13:12
Spread the love

Околу 60 лица наводно се убиени во подрум во зграда во југо – источниот курдски град Џизре во воената акција на турските сили, што според тамошните медиуми, била спроведена со цел да се неутрализираат борците на ПКК.

Турската армија ја спровела мисијата за наводно да го исчисти подрумот во градот кој се верува дека е под контрола на високи претставници на Курдската работничка партија (ПКК).

Синоќа, во областа биле слушнати силни експлозии. Претходно, како што јавува „Раша тудеј“ постоеле информации дека неколку десетици цивили се заробени во подрумот цели две недели поради борбите во областа – иако сеуште не е јасно дали станува збор за истата зграда.