Мистерии

ВИДЕО: Ова се причините зошто сè уште не сме пронашле вонземјани

Ако галаксијата е толку стара колку што тврдат науниците, интелигентните облици на живот досега би имале доволно време да нè посетат, пренесува Listverse.
Така, ако е статистички веројатно дека постојат вонземјани, тогаш зошто сè уште не сме се сретнале?

Земјата е единствена

Хипотезата “Rare Earth” тврди дека иако постојат планети слични на Земјата, ниедна од тие ги нема потребните услови за да се створи интелигентен живот. Со други зборови – не сме пронашле вонземјани бидејќи не постојат. Она што ја прави планетата Земја единствена е долгиот период на стабилна клима. Без ваквата оддалеченост од Месечината и Сонцето, планетата би била премногу жешка или премногу студена за живот, не би имала доволно кислород а со тоа и не би имало услови за развој на живот.

Вонземјаните не се доволно напредни

Теоријата “Great Filter” тврди дека “малите зелени суштества” постојат, но истите не се доволно технолошки напредни за да нè контактираат. Иако поседуваме современи вселенски летала и сателити, можно е да нè погоди катастрофа од катаклизмички размери и потполно да нè избрише од Земјата или технолошки да нè уназади. Истото би можело да се случи и со вонземјаните.

Тие се преселиле

Футуристот John Smart смета дека вонземјаните се толку напредни, што тие преминале во друг облик. Тој, овој концепт го споредил со компјутерите. Она што на почетокот биле огромни компјутери кои заземале цели простории, денес истите имаат мали димензии, но одлична моќ и капацитет. Така и интелигентниот живот би можел да еволуира, а на крајот би можеле да бидеме толку мали, што би функционирале во црна дупка надвор од временската рамка, тврдат теоретичарите.

Земјата сепак не е толку посебна

Оваа теорија е спротивна од теоријата “Rare Earth”, а таа вели дека вонземјаните имаат супериорна технологија и тие не ги интересираат нашите ресурси. Зошто би трошеле енергија да нè посетат, кога има 8.8 милиони други такви планети, се прашуваат заговорниците на оваа теорија.

Живееме во виртуелна реалност

Оваа теорија, наречена “Planetarium” е најкомплицираната од сите теории. Заговорниците на оваа теорија сметаат дека нашиот свет е една форма на виртуелна реалност или “планетариум” во кој луѓето добиваат илузија дека вселената е празна. Не сме сретнале вонземјани, бидејќи тие не се “внесени во програмот”, велат тие. Како креатори на оваа симулација се сметаат некои понапредни облици на живот од луѓето, кои од непознати причини сакаат да “нè набљудуваат како мравки”. Сепак, бројни противници на оваа теорија тврдат дека ова е само сценарио за научно-фантастичен филм, бидејќи во реалноста досега би приметиле некоја грешка во програмот, доколку истиот постои.

Вселената е огромна

Нашите планети се толку оддалечени што е мала шансата за успешна комуникација помеѓу различните облици на живот. Некои теории тврдат дека Земјата е изолирана и дека е најдобро да оставиме тие да нè контактираат нас. “Ќе дојдеме до одговори кога доволно ќе еволуираме” – вели Stephen Hawking.

Не можеме да ги детектираме нивните сигнали

Ловот на туѓите сигнали е успорен поради скапите финансии кои се потребни во инвестирање во нови технолошки проекти. Телескопот Array е посебно дијагностициран уред за лов на други облици на живот во вселената. Овој мега телескоп, кој почнал со функционирање во 2007. година, го финансирал коосновачот на Microsoft – Paul Allen и ова е единствениот сателит на Земјата, спободен да ги улови туѓите сигнали, тврдат научниците.

Тие се меѓу нас

Некои научници тврдат дека вонземјаните се меѓу нас. На пример, поранешниот канадски министер за одбрана, во 2014. година дал интервју во кое наведува дека на Земјата живеат 80 видови на вонземјани. Некои од нив имаат хуманоидна форма, но некои изгледаат на типични, стереотипни вонземјани. Оваа теорија ја поддржуваат и физичарите Paul Davies и др. Robert Trundle, Според нив, вонземјаните не само што постојат, туку тие се тука, без разлика дали сме свесни за тоа или не.

Во продолжение, погледнете ги 10-те причини зошто сè уште не сме стапиле во контакт со останатите форми на живот:

Поврзани вести

Back to top button