ВИДЕО: Нов голем терористички напад убиени најмалку 30 лица

Објавено: четврток, 31 декември 2015 во 10:10
Spread the love

Повеќе од 10 луѓе денес погинаа и беа ранети во експлозии во два ресторани во градот Камишли во североисточниот дел на Сирија, кој го контролираат Курдите.

Камишли се наоѓа во близина на границата со Турција.

Според курдската полиција, експлозиите се најверојатно дело на Испламската држава против која се борат во Сирија.

Сиријската опсерваторија за човечки права потврди дека се случиле експлозии во тој град, додовајќи дека најмалку 30 луѓе погинале и се ранети.