ВИДЕО: Моментот на експлозија при најновиот терористички напад
Објавено:
среда, 5 април 2017 во 11:33
Надзорните камери го забележале моментот на страшниот терористички напад на една од станиците во подземната железница во Санкт Петербург во Русија, во кој загинале 14 лица, а повеќе до 40 биле повредени.
Луѓе од вкупно 17 руски региони се меѓу повредените во нападот, велат официјалните податоци.
Во нападот загинале 14 лица, а повеќе од 40 се повредени.
Бомбашот самоубиец кој извел напад на метро станицата во Санкт Петербург е со потекло од Киргистан, потврдиле безбедносните служби на таа централноазиска држава.
Страшната снимка од експлозијата, која била забележана од надзорните камери во подземната железница, била објавена на социјалните мрежи.