Избор на уредникотРелигија

Видео: Еден од креаторите на Фокс ТВ премина во Православие и се пресели во Москва

Телевизискиот режисер Џек Ханик, неговата сопруга и синот се крштевале во сабота во црквата Св Маченичка Татјана, која се наоѓа на Државниот универзитет во Москва.

„Ова за нас беше многу долго патување. Но, ми се чини дека се случи во време кое Господ го благословил. Сите ние се обидуваме да направиме нешто на начинот на кој ние самите сме замислиле, но работите често се случуваат тогаш кога мора да бидат и кога ги замислил Бог”, изјавил Ханик после светото Крштевање.

krstevanje1

Овој американскиот режисер вели дека му е многу важно што целото негово семејство премина во Руската Православна Црква на древен традиционален начин, како што се правело во првите векови на христијанството. Тој, исто така признал дека дури минатата година слушнал за Светиот оган.

krstevanje2

„Многу години работев на водечки телевизиски канали, на информативни канали, но на Запад за тоа никогаш не говоревме. И сфатив дека ова е вистинско чудо. И денес во студиото на телевизискиот канал на Цариград се јавува тоа чудо. Чекаме од Ерусалим да пристигне Светиот оган “, изјавил Ханик гостувајќи во емисија на Руската Православна телевизија за која почнал да работи како режисер.

krstevanje3

Семејството Ханик и пред крштевањето ја прифатило православната традиција, го издржале целиот Голем пост и фарбале јајца. Ханик се преселил во Москва и на Голема сабота почнал да работи на телевизијата во Цариград.

Поврзани вести

Back to top button