Путин подарува најмалку хектар земја на секој Русин

Објавено: вторник, 3 мај 2016 во 16:16
Spread the love

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал закон со кој на граѓаните им се дава земја на далекиот исток на Русија на бесплатно користење. Со законот, секој граѓанин на Русија може на рок од пет години да добие на користење најмалку хектар земја што е во државна или во општинска сопственост.

По истекот на петте години земјата може да се земе под закуп или да се купи. Во меѓувреме не е дозволено купопродавање на земјата – истата не може да им се дава под закуп или на користење на странци, на компании, како ниту на луѓе кои немаат државјанство.

Законот е напишан по налог на Путин, а според истражувањата 63% од жителите на далекиот руски исток сметаат дека бесплатното давање на земја ќе го зголеми стандардот на тамошните региони.