Свет

Турција се закани: Можеме да ја освоиме Русија за помалку од 7 дена

Во случај на вистинска војна, Турција може да ја окупира Русија во една седмица –  тврди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во интервју за локална телевизија , а пренесува германскиот медиум AWD Вести.

Министерот вели дека военото сценарио може да биде сериозно сфатено од Анкара, само во случај кога ќе пропадне дипломатското решение.

Чавушоглу потенцираше дека Турција се уште е подготвена на примирје со Русија и се надева дека земјата ќе стави крај на анти-турската политика и многубројните санкции.

Но истовремено, Чавушоглу неодамна порача и дека „трпението на Турција има граници”.

“По соборувањето на Су- 24, Русија прави се што е можно да ја понижи Турција. Се разбира, нашите министри се однесуваат како искусни и зрели политичари, но нашето трпение, исто така има одредени граници. Соочени со агресивни акции на Русија, ние нема да покажеме ниту страв , ниту каење. Покрај тоа, ние веруваме дека ако односите меѓу двете земји не можат да се вратат во нормала со дипломатски средства, ние можеме целосно да ја окупираме Русија во помалку од 7 дена , со помош на нашите регионални сојузници и НАТО. ” – изјави Чавушоглу.

Инаку, германскиот весник пишува и дека изјавите на турскиот министер за надворешни работи се поткрепени со цврсти факти.  Судејќи според опремата во согласност со стандардите на НАТО, турската армија е посилна од армијата на Русија. Во Турција постои и нуклеарно оружје кое им припаѓа на САД,  а кое турците го добија како дел од програмата на НАТО.

Згора на тоа, Турција може да смета на воена помош од другите членки на НАТО, која ги вклучува речиси сите земји од Западна Европа и Соединетите Американски Држави.

Поврзани вести

Back to top button