Анкара во декември ги засили своите воени операции на границата со Сирија и Ирак. Оваа област е упориште на ПКК, која Турција и НАТО ја сметаат за терористичка организација. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги продолжи операциите додека областа не се исчисти од курдските милитанти.
Курдите веќе долго време водат кампања за правото на самоопределување и поголема автономија во Турција, каде што се најголемо етничко малцинство. Кон крајот на декември, на конгресот на курдските невладини организации беше повикано на југоисточниот регион на Турција да му се додели автономија преку уставни реформи.