Судир помеѓу Русија и Турција е возможен и очекуван и ќе се случи во Сирија!
Односите помеѓу Русија и Турција се повеќе се заоструваат и се почесто се поставува прашањето за можен вооружен конфликт помеѓу двете земји. РускаРеч ги консултираше експертите за тоа колку е веројатно да дојде до војна.
Министерството за одбрана на Русија ја обвини Турција за припрема на воена интервенција во Сирија. „Имаме сериозни основи за сомневање дека Турција врши интензивни припреми за воена интервенција на територија на суверена Сирија“, се вели во изјавата на министерството од 4 Фебруари.
Официјалниот претставник на Министерството за одбрана ги обелодени снимките на кои е забележана активност на турските вооружени сили на границата со Сирија. „Во воено доба на тој начин се припрема транспортна инфраструктура во очи на воена интервенција. А слични полигони се користат за да се обезбеди брзо движење на воените колони со муниција и оружје на подрачјето на борбените дејствија, како и за оперативно префрлување и евакуација на луѓе“, истакнува претставникот на Министерството за одбрана.
Анкара ги отфрли обвинувањата изјавувајќи дека „Русија сака да ги сокире своите злочини во Сирија“, и дека „Турција има право да презема секакви мерки поради заштита на својата безбедност“. Масло на огнот долева и изјавата од Саудиска Арабија за можно испраќање на копнени сили во Сирија.
Сето тоа предизвика нов бран шпекулации за тоа што можеме да очекуваме и дали ќе биде избегнат директен судир помеѓу Москва и Анкара, или сепак војната е неизбежна.
Аргументи „за“ и „против“
Директорот на центарот за ориентални иструвања Владимир Аватков ја оценува ситуацијата како крајно сложена. По негово мислење, конфронтацијата помеѓу Русија и Турција е неизбежна, а веројатноста од избивање на вооружен конфликт е голема.
„Турција имаше озбили планови врзани за Сирија, но Руската воена операција ги осуети. Анкара сега има неколку варијанти на располагање. Прво, таа може да воведе копнени сили во Сирија во склоп на коалицијата. Второ, може да почне да пружа активна помош на сириската екстремна опозиција. Секако, може и ништо да не се превземе, односно, само да се набљудува како се развиваат настаните, но тоа е малку веројатно. Мислам дека Анкара активно бара пат за реализација на првите две сценарија“. – вели Аватков.
Керим Хас, турски политиколог и експерт од аналитичкиот центар УСАК, со повеќе оптимизам ја согледува ситуацијата. По негово мислење, веројатноста за избивање на војна не е голема. „Постојат две причини за тоа. Една се регионалните ризици кои би ги изложиле и двете земји, а другата е членството на Турција во НАТО. Русија нема да сака поради Сирија да влезе во војна со НАТО“ истакнува Хас.
Сирија како место на судири
Сепак, експертите кои дадоа изјави за „Руска Реч“ се сложуваат по едно прашање: Ако војната помеѓу Турција и Русија е неизбежна, тогаш ќе избие на сириска територија.
Генерал Мајорот во пензија Александар Костјухин, кој долго работел во Турција и одлично ја познава воената ситуација во таа земја, смета дека во случај на провокација од турска страна Русија нема да изврши напад на турска територија, туку ќе ги ограничи дејствата во границите на Сирија. „Ако Турција нападне руски сили во Сирија, Русија може да одговори само во Сирија, но не и во Турција. Меѓутоа, регуларната сириска армија може да и возврати на турската армија и да влезе на турска територија. Таква веројатност постои. Понатамошниот развој на настаните е тешко да се предвидат бидејќи тие зависат од степенот на учество на другите земји. Конкретно, зависат од тоа во која мера НАТО ќе ја поддржи својата членка“ – вели Костјухин.
Виктор Надеин – Рајевски, експерт од Институтот за меѓународна економија и меѓународни односи (ИМЕМО) при Руската академија на науките, поставува друго прашање: „Во случај Турција да започне со копнена операција во Сирија, ќе можат ли Турците да ги покриваат своите сили од воздух?“ По мислењето на рускиот експерт, тешко дека Анкара ќе може тоа да го направи, а без покривање од воздух воена интервенција во Сирија е невозможна.
Турскиот политиколог Керим Хас од своја страна смета дека турската армија не е заинтересирана за копнена опрација во Сирија. „Анкара стравува дека на северот на Сирија ќе биде формиран курдски коридор, кој го загрозува територијалниот интегритет на Турција“, вели Хас. „За тоа да се спречи, турските специјални служби на тоа подрачје вршат селективни опрации. Меѓутоа, не се работи за некоја крупна воена интервенција во Сирија“.
ИЗВОР: RUSKA REC