Македонија

Руско МНР: Додека никој не креваше руска или српска хистерија албанско знаме се вееше во парламентот

Москва ги смета за провокација обвинувањата на проектот ОССРП дека Русија се мешала во внатрешните работи на Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.

-Тоа не е ништо друго, освен уште еден слаб обид да се префрли одговорноста за ескалација на длабоката криза во македонската држава. Измислените обвинувања на сметка на руските интереси доаѓаат од организации чии главни спонзори се државните структури на САД и Фондацијата на Џорџ Сорос, се вели во соопштението.

Исто така се наведува дека „ОССРП премолчува што навистина го предизвикало сериозното заострување на ситуацијата: притисокот на Брисел и Вашингтон без преседан на легитимната влада на Македонија.

Целта, како што се наведува во соопштението од руското МНР е „да се наметне решение кое е спротивно на националните интереси на државата“, а Западот одбива д аја осуди „тиранската платформа“, која како што се наведува е „манифестација на големоалбанската идеологија“.

-Очигледно дека за надворешното мешање најдобро зборува приказната со демонстрацијата на албанско знаме на претседателот на Парламентот во неговиот кабинет, додека никој не креваше руска или српска хистерија, велат од руското МНР.

 

Поврзани вести

Back to top button