Uncategorized

Путин едвај се воздржа: Ја гушна Елена, а потоа се скрши! (ВИДЕО)

Владимир Путин го организираше традиционалниот прием во Кремљ за 114 спортисти пред тргнувањето на Олимписките игри во Рио.

Меѓутоа, меѓу нив се најдоа и суспендираните натпреварувачи, меѓу кои беше и Елена Исинбаева. Таа нема да се натпреварува во Рио де Жанеиро бидејќи е суспендирана, а таа одлука ја потресе и неа и рускиот претседател! Солзите не изостанаа.

– Не отстранија без докази, нагло и грубо. Не ни дадоа шанса да се браниме и да докажеме дека не сме виновни – рече двојната олимписка шампионка во скок со стап, која се расплака пред Путин. На основа на фотографиите од настанот можеме да заклучиме дека и Путин бил на раб на солзи.

Претседателот на неутешната Елена ѝ пружи прегратка и утеха, а во налет на емоции, за малку ќе се расплачеше.Инаку, Елена Исинбаева поради забраната на ИОК не смее да настапи во Бразил, каде што планираше да ја заврши кариерата.

Поврзани вести

Back to top button