Избор на уредникотМакедонијаТоп

Не само во Чаир и Бутел мкедонските деца сега се тепаат и во скопско Дебар Мало, ќе реагира ли власта, опозицијата, Љупчо Георгиевски и Ивон Величковски

Мајка на социјалните мрежи соопшти дека нејзиното дете заедно со група помали деца биле нападнати на спортското игралиште на Работнички, во скопско Дебар Маало. Според сведочењето, инцидентот се случил околу 15 часот, кога петтоодделенци кои играле фудбал биле нападнати од група постари деца, на возраст од 13 до 14 години.

„Само за информација дека околу 15 часот, во парк на игралиштето на Работнички, помалиот син и уште 4 другари (5то одд), кои играле таму фудбал им се пуштил да ги малтретира и тепа еден од 5-6 деца кои биле околу 13-14 години (збореле албански). Само едниот од нив бил насилен, барал пари, па после му се пуштил на синот со клоци и шамари, а сакал и да му го земе точакот на еден од другарите кои биле со синот.

Успеале да избегаат, а другите од друштвото на насилникот го тргале да не ги закача нашиве. За среќа нема поголеми повреди, освен стрес кој се надевам дека нема да има последици. Исто така во тој момент во близина имало некои работници и еден од другарите на синот буквално ги влечел за да им помогнат, ама за жал никој не реагирал. Каде е полицијата, сред ден, на спортско игралиште, не во парк било каде, не на забутано место, на спортско игралиште. Срамота, да не смееш дете да пуштиш да спортува, едвај се откачија од Дрвен, сега се префлија на спортски терени, а полицијата ја нема, ете тоа е нашево сигурно и обезбедено Дебар Маало“, напиша скопјанката Емилија Николиќ Дуковски.

Инаку луѓето кои што живеаат во ова населба се сведоци дека во „Дебар Мало„ некогаш една од најбезбедните населби во Скопје, често пати децата се провоцирани и малтретирани од разно разни насилнички банди. При што изостанува реакција како од власта така и од опозицијата. Нема ни реакција од Љупчо Георгивски и Ивон Величковски, кои најчесто кога треба да се обвини српското малцинство во државата не бираат ни простор ни време, па ниту ни зборови, но кога се тепаат македонските деца или кога има некоја прослава на УЧК и се гази македонскиот суверенитет тогаш од нив изостанува секаква реакција.

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2