Избор на уредникотМакедонија

Премиерот ги повика граѓаните да летуваат дома: Имаме прекрасни места во Македонија!

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП.

– Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние сме горди што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои што се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот, изјави Мицкоски, на новинарско прашање по присуство на панихида во црквата „Св. Спас“- Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој информира дека се уште траат проверките од страна на пазарните инспектори по сомнежите дека нафтени компании вршеле реекспорт на горива, споделувајќи дека станува збор за најмалку една компанија.

-Проверките, посочи, се прават на основа на информации кои ги добивме од страна на лица во тој бизнис. Наше е да ја провериме секоја информација што ја добиме. Во зависност од проверките, така и ќе реагираме. Проверките се уште течат, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на прекрасните места што ги има Македонија.

– Јас не би коментирал премногу за тој начин на однесување. Имаме одредени разговари во рамките на ЕУ како би се надминало тоа. Но, ако претствуваат проблем летните годишни одмори имаме прекрасни езера, планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани да ги поминат своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по панихидата одржана по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Прашањето со примената на ЕЕС сисмемот во земјава стана актуелно откако од 1 април почна целосно да се спроведува и за празниците се формираа долги колони на македонско-грчката граница, каде се чека и по неколку часови.

FOTO: Printscreen

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2