Мора да го видите бебето кое оди само неколку минути по раѓањето

Објавено: вторник, 30 мај 2017 во 12:59
Spread the love

Едно само што родено бебе од Бразил станало вирален хит откако била објавена снимка по пораѓањето, на која се гледа како наместо првото бањање, бебето ги прави првите чекори.

Снимките од една бразилска болница кои ги снимиле сестрите кои му помогнале на бебето да дојде на свет, ги погледнале речиси 80 милиони луѓе.

“Погледни, таа оди”, вели една сестра во еден момент од снимката, а од возбуда сестрите речиси заплакале.

Откако бебето направило неколку чекори, сестрата сакала да го избања, но упорното бебе “не се давало” и повторно се исправило да оди уште малку. Неколку минути по раѓањето.