Избор на уредникотРелигија

Марк Цукерберг: Бев атеист, но се предомислив, сега верувам дека религијата е мошне важна

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг призна дека го променил својот став околу религијата и оти повеќе не е атеист.

Цукерберг го им го честиташе Божик според греогоријанскиот календар на пријателите на социјалната мрежа.

Во меѓувреме се појави коментар на еден од неговите пријатели: „Зарем ти не си атеист?“.

Цукерберг, кој со години се изјаснуваше како атеист, овој пат одговори: „Не. Пораснав како евреин, а потоа минав низ период низ кој ги преиспитував работите. Сега верувам дека религијата е мошне важна“.

Иако следеа бројни коментари на неговите пријатели и следбеници, тој повеќе не одговараше на прашањето за верата.

Поврзани вести

Back to top button