Свет

ВИДЕО: Клубот пред и по терористичкиот напад

Само неколку часа по нападот во истанбулскиот ноќен клуб во кој биле убиени 39 лица, на интернет се појавила снимка на која е видливо дека напаѓачот започнал да пука уште на улица, пред неговото влегување во клубот.
Да потсетиме, околу 70 луѓе се повредени и 39 убиени во терористички напад кој синоќа се случил во ексклузивниот ноќен клуб Реина во Истанбул. За време на новогодишната прослава во клубот влегол вооружен напаѓач облечен како Дедо Мраз и започнал да пука.

Според последните информации, помеѓу убиените има и 16 странски државјани. Според исказите на сведоците и двете објавени видео снимки од надзорни камери, нападот започнал пред клубот, на улица. Тука паднале и првите две жртви – полицаец и цивил.

Поврзани вести

Back to top button