Лавров: Терористите се користат како пиони за геополитички игри

Објавено: четврток, 25 февруари 2016 во 13:07
Spread the love

Решението за блискоисточната криза не може да донесе успех се додека терористите се користат како пиони во геополитички игри, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Дополнителното влошување на ситуацијата претставува сериозна закана за комплетната меѓународна безбедносна архитектура. Очевидно е невозможна долга стабилна ситуација без да се уништи центарот на терористичка закана, пред се ИД, кој презеде контрола врз голема територија на Блискиот Исток, истакна шефот на руската дипломатија.

Како што јави ТАСС, Лавров објасни дека „напорите ќе бидат неуспешни доколку не се прекине користењето на терористите како пиони во сомнителните геополитички игри“.