Истрага „Џамија под превез”: Неверните жени треба да се убиваат со камења
Данските имами мислеле дека разговараат со послушни верници, но двајца од луѓето всушност биле новинари.
Тие се населиле во еден од квартовите на градот Архус, населен претежно со имигранти и се претставиле како нови соседи, кои имаат потреба од совети за сите прашања, од економија и работата, до воспитувањето на децата и улогата на жените. Новинарите го откриваат тајниот живот во џамиите.
Таму се зборувало дека неверните жени треба да се убиваат со камења. Муслиманките не треба да се гледаат со неверници. Насилството треба да се применува при воспитувањето на децата.
Истрагата „Џамија под превез” е резултат на сериозна работа на новинарите меѓу муслиманската младина. Творецот на програмата, Мартин Јенсен посетил многу гета и разговарал со млади луѓе за условите за живот и верското воспитување. Голем дел од нив изразуваат желба да се интегрираат во данското општество, но се соочуваат со отпорот на родителите и најмногу на имамите. Само мал дел од младите луѓе се осмелуваат да учествуваат во документарниот серијал, но многу од нив го прават тоа анонимно.