Германија бара работници: Плата и до 2.500 евра месечно
Добра работа во Германија. Така може да се нарече овој оглас за бравари. Се нуди плата до 2.500 евра за месец дена, пишува Б92.
Неделно се работи по 35 часа, а се плаќа и патот до Германија, па дури и здравственото и пензиското осигурување. Дека Германците имаат потреба од бравари покажуваат и огласите објавени во хрватските портали за вработување.
Платата во случајот на браварите е од 1.500 до 2.500 евра месечно. Значи, тоа се однесува на 35 работни часа неделно, но влегува во можните прековремени часови што се плаќаат до 25 отсто повеќе, појаснува Никша Демовиќ за порталот Посао.хр за РТЛ.
Празниците и неделите се платени за 50 до 100 отсто повеќе.
Германските работодавачи дури и ги покриваат трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификати за извршување на работата, како и голем број други бенефити. Во тоа се вбројува дури и пријавата за здравствено и пензиско осигурување во германскиот здравствен систем, појаснува Демовиќ.