Епска битка за Алепо: Илјадници џихадисти ја нападнаа сириската армија (ВИДЕО)
Во тек е огромна битка за сирискиот северен град Алепо – жестоки борби се водат во градот и во неговата околина, а милитантите се подготвуваат за „конечен“ напад со огромен број на бомбаши-самоубијци.
Интензивните борби продолжуваат во градот и неговата околина. Милитантите сега со сета своја сила се обидуваат да го пробијат обрачот во кој што се наоѓаат, што е сосема очекувано затоа што тоа е последната шанса за нив. Имено, сириската војска успеа да го опколи градот, па доколку не излезат од опсадата, прашање на време е кога бунтовниците ќе бидат поразени во градот кој го контролираат од 2012-та година.
Сириската армија успешно досега ги одбила нападите на милитантите на неколку локации, а од небото добиваат голема поддршка од руските бомбардери кои што неуморно ги бомбардираат позициите на бунтовниците.
Еден од командантите на милитантите, во разговор за британската новинска агенција „Ројтерс“ изјави: „Моментално сме фокусирани на територијата Рамоусах, но руските ловци не ни дозволуваат да тргнеме напред“.
Друг извор од редовите на милитантите изјавил дека во „епската битка за Алепо“ моментално учествуваат 10 илјади војници и најмалку 95 тенкови. Истиот извор истакнува дека голем број на бомбаши-самоубијци веќе се подготвени да започнат со напади на позициите на сириската војска.
Според сириските опозициски извори, ова е најголемата опфанзива која што милитантите ја организирале на просторот на Алепо, а борбите се интензивни на целиот фронт.
Еден од командатите на милитантите, Раед Ал Халаби потврди во разговор за катарски Ал Џазеира дека голем број на бомбаши-самоубијци се подготвуваат за разбивање на позициите на сириската армија: „Гранатирањето на режимските воени позиции веќе започна, а наскоро ќе започнеме да напредуваме“, изјавил Раед Ал Халаби.
На истокот на Алепо милитантите и нивните поддржувачи масовно палат гуми со цел да направат „завеса од чад“ која ќе оневозможи руските и сириските авиони да точно да ги погодат своите цели.
Се очекува дека екстремистите и терористите на истокот на Алепо ќе се борат до самиот крај, затоа што се што беше „умерено“ веќе го напуштило „пеколот“ на Алепо. Понатаму, се очекува дека во последните обиди, навистина да бидат искористени бомбаши-самоубијци.
Друг избор, освен предавање, милитантите немаат – затоа што во ваквиот обрач кој околу градот го направија силите на Башар Ал Асад можат да останат евентуално уште само неколку седмици. За милитантите оваа „епска“ битка дефинитивно е „да се биде или не“, односно доколку го загубат Алепо, тогаш војната за нив ќе биде загубена.