Свет

Две жени терористи се убиени во Истанбул

Двајца терористи се убиени, а четворица полицајци се ранети во антитерористичка операција на турските сили за безбедност, спроведена рано изутринава во Истанбул.

ис

Припадници на Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција спровеле серија операции против терористички групи во квартот Газиосманпаша.

Четворица полицајци се ранети, откако терористите отвориле оган кон нив.  Полицајците се хоспитализирани.

Според весникот „Хуриет“ убиените терористи се жени.

Полицијата не прецизираше која терористичка организација била цел на полициската акција.

Поврзани вести

Back to top button