ЖивотИзбор на уредникот

Дијабетесот може да се излекува, и тоа на следниот начин

Научниците од Универзитетот во Њукастл во Велика Британија откриле дека губитокот на помалку од еден грам маснотии во панкреасот може да поттикне повторно производство на инсулин, со што се сузбива дијабетесот тип 2, пишува „Дејли мејл“.

Научниците наведуваат да консумирањето 600 калории дневно во текот на осум недели може да спаси животи на милиони луѓе кои боледуваат од оваа болест.

Истражувачите истакнуваат дека вишокот калории доведува до исчезнување на замастениот црн дроб, состојба поради која овој орган произведува голема количина гликоза во организмот.

Вишокот маснотии се проследува во панкреасот, со што се попречува активноста на клетките кои произведуваат инсулин, што за последица има настанување на дијабетес.

Само еден грам маснотии помалку во панкреасот може да доведе до повторно производство на инсулин, наведува професор Рој Тејлор, водечки научник на истражувањето.

Ваквата диета не само што има благотворно дејство на здравствената состојба на дијабетичарите, туку предизвикува топење на вишокот масни наслаги во организмот – во просек околу 15 килограми.

Поврзани вести

Back to top button