Билка која го лекува ракот!
Гравиолата е необична тропска билка за која многу заговорници на алтернативната медицина тврдат дека го лекува ракот 10.000 пати подобро од хемотерапијата. Меѓутоа, класичната медицина тврди дека не постојат темелни истражувања кои би го поддржале ова.
Сладок, но и киселкаст вкус со силна арома која потсетува на мешавина од јагоди, ананас и лимон ќе почувствува секој кој ќе го проба зрелиот плод од необичната гравиола (гуанабана).
Но овде не станува збор само за уште едно суперовошје, туку за нешто што е можеби многу посилно. Хранливите материи во овој плод се наводно исклучително делотворни во борбата против ракот.
Локалното население со векови ја користи во здравствени цели, како своевидно средство за релаксација, за намалување на крвниот притисок, против паразити, габички и инфекции, за ублажување на депресијата и како превенција од хронични болести. Денеска многумина ги користат плодот, листовите и кората на гравиолата како природен лек против рак.
На екстрактот му се припишуваат овие својства:
– го напаѓа ракот без непријатни нус појави кои ја следат хемотерапијата
– го штити имунитетот и ги спречува опасните инфекции
– го јакне организмот
– Ја јакне психата и го поттикнува доброто расположение