Свет

Путин: Русија е посилна од секој потенцијален агресор

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на традиционалната предновогодшна прес-конференција потенцира дека Русија е посилна од секој потенцијален агресор, повтрувајќи ја истата изјава што вчера ја даде пред колегиумот на руското Министерство за одбрана.

Како што јави ТАСС, рускиот претседател изрази чудење во врска со реакцијата на САД по овие негови зборови.

Путин рече не гледа ништо ново и ништо необично во изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дека САД треба да го прошират својот нуклеарен потенцијал „додека светот не се вразуми во однос на нуклеарните бомби“.

Рускиот претседател истакба дека не ја става под сомнеж моќта на американските нуклеарни сили.

– Бевме малку изненадани од изјавите на официјални претставници на актуелната американска администрација, кои без никаква причина земаа да докажуваат дека вооружените сили на САД се најмоќните во светот. Со тоа никој не спори. Ако внимателно сте го слушнале тоа што вчера го кажав, јас зборував за зацврстување на нашата нуклеарна тријада и во заклучокот кажав дека Руската Федерација денеска е посилна од секој потенцијален агресор. Не случајно го кажав тоа. Ние сме посилни од секој потенцијален агресор, потенцира рускиот претседател.

Расходите за одбраната на Руската Федерација во 2016 година изнесуваа 4,7 отсто од руското БДП, соопшти шефот на државата. – Во 2011 година за националната одбрана одвоивме 2,7 проценти од БДП, но во текот на оваа година, а и во последните пет, ние многу ги зголемивме овие расходи. За оваа година тие изнесуваат 4,7 проценти, во 2017 година ќе бидат  3,3 проценти, а за 2019 година 2,8 проценти, изјави рускиот претседател.

– Повлекувањето на САД од Договорот за противракетна одбрана создаде претпоставки за нова трка во вооружување. Русија, меѓутоа, нема да дозволи по секоја цена да биде вовлечена во таков натпревар, рече Путин.

Путин на прес-конференцијата нагласи и дека не е исклучена можноста во Русија да се оддржат предвремени избори, иако таквикот чекор не го смета за неопходен.

Запрашан од репортерот на „Волстрит Џурнал“ дали се можни предвремени избори, Путин шеговито возврати: „Во која земја?”.

Се очекува Путин повторно да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2018 година.

Поврзани вести

Back to top button