Свет

Исламската држава ги забрани кондомите, со размножување сакаат да го освојат светот?!

По неодамнешните воени неуспеси во Ирак, Исламската држава се обидува дополнително да ги измачува жителите на градот Мосул кој засега е едно од последните засолништа на терористите во Ирак.

Борците на ИД одлучиле да не запрат со апсурдните забрани за гледање на сателитска програма, туку вовеле и забрана да се продаваат контрацептивни средства во сите аптеки.

Локален жител на Мосул за агенцијата „Спутник“ изјавил дека   припадниците на ИД им се закануваат со смрт на сопствениците на аптеките ако на нивните полици пронајдат средства за спречување на зачнување или препарати кои може да доведат до аборутс.

– Милитантните на ИД со таа забрана сакаат да ги спречат случаите кога жена која е силувана сака да ја прекине бременоста. на тој начин, терористите сакаат да се „размножуваат“ и тоа со долгорочна цела – создавање на нови генерации милитанти, изјавил мештанинот.

Според неговите зборови, токму со оваа цел „масовно да се размножуваат“, терористите во Ирак доведуваат девојки, честопати со странско потекло за да можат со нив да зачнат што е можно повеќе деца и на тој начин да си обезбедат наследници.

Познато е дека Исламската држава од првите моменти на појавувањето во Ирак и Сирија се занимава со врбување и вооружување на деца, со цел тие да им служат како жив штит при офанзивните операции на владините сили.

Долгорочната демографска тактика на која се потпираат  може да има катастрофални последици за Ирак, без оглед на тоа што ИД се наоѓа на работ  на крахирање по поразот кој го трпат од владините сили и одредите на народните бунтовници. Милитантите кои сега ги силуваат девојките, пред или подoцна, по одлучувачките борби и нивниот пораз, ќе побегнат и ќе ги остават децата кои се зачнати на тој начин и потоа треба да ги одгледуваат самохраните мајки или државата.

Поврзани вести

Back to top button