Свет

Исламската држава тргна во контра-офанзива, газат се пред себе

Сириските „СДФ“ сили се наоѓаат во прилично големи проблеми – според последните информации, џихадистите на Исламската држава тргннале во контра-офанзива во опколениот Манбиј и им нанеле големи загуби.

mapa

Се чини дека џихадистите на Исламската држава во оваа битка против „СДФ“ тргнале на се или ништо, со оглед на тоа што нивните позиции во градот Манбиј се целосно опколени веќе подолг период.

Припадниците на ИСИС започнале голема контра-офанзива против борците на „СДФ“ кои се координирани од Американците и се обидуваат да ја превземат контролата над споменатиот град кој се наоѓа во близина на сириско-турската граница и веќе долго време е во рацете на џихадистите.

Како што пренесува опозицискиот извор “SOHR”, Исламската држава им нанела тежок удар на борците на „СДФ“. Во извештајот од терен стои дека џихадистите ја вратиле контролата над три населби јужно од опколениот град и притоа убиле најмалку 28 припадници на сириската „СДФ“ поддржана од САД.

Да потсетиме, „СДФ“ вооружените сили кои во најголем број се сочинети од Курдски борци – со координација на американските специјални сили на терен и со помош на американските воздухопловни сили од воздух, пред три седмици започнаа голема офанзива на градот Манбиј која има за цел да го ослободи градот од ИСИС.

Овој град е стратешки важен затоа што со неговото ослободување, целта е да се заземе последната секција на сириско-турската граница која што ја контролира Исламската држава, но според последните информации, тоа нема да биде така едноставна битка како што се претпоставуваше пред да биде започната операцијата.

Силите на „СДФ“ успеаа за релативно кратко време да го опкружат целиот град Манбиј, но се чини дека нема така лесно да ги совладаат џихадистите кои што сега немаат што да загубат и се борат до самиот крај.

Поврзани вести

Back to top button