Македонија

И утре пекол – Живата на термометарот ќе стигне до 38 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. УВ-индексот ќе изнесува. Температурата ќе се движи од 26 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 36 степени. До сабота времето ќе биде претежно облачно и топло.

Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности.

Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.

Поврзани вести

Back to top button