Живот
Властите го блокираа Фејсбук, додека траат испитите – Студентите во паника!
Алжирските власти привремено го блокираа пристапот на друштвените мрежи настојувајќи да ги спречат објавувањата на лажните тестови за полагање на матура.
Речиси половина од средношколците се приморани денеска да преполагаат матурата по масовното објавување на тестовите на интернет.
Многу ученици по пат на Фејсбук и останатите друштвени мрежи добија прашања од испитите од одржувањето на почетокот на јуни.
Одлуката е донесена за да матурантите бидат заштитени од објавувањето на лажните тестови на социјалните мрежи изјавија алжирските службеници за државната новинска агенција АПС.
Алжир со проблемот на предвремено објавување на испитите се бори веќе неколку години.