ВНИМАВАЈТЕ: Скопјанец крадел слики од девојчиња на Фејсбук па ги ставал на порно-сајт
Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 35-годишниот Ј.К. кој злоупотребил лични податоци.
Според податоците, скопјанецот без согласност ги прибавил податоците профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и истите активно ги користел во повеќе наврати. Ј.К. пристапувал на профилите на девојките и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на ВЕБ страна која што споделува материјали со порнографска содржина.
Веднаш по доставувањето на пријавата превземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на ВЕБ странатата која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица.