Масните клетки ќе се користат за регенерација на телото?!
Австралиските научници се први во светот кои успеаја да најдат начин како да ја репрограмираат коскената срцевина и масните клетки за да може да се регенерира било кое оштетено ткиво во телото.
Водејќи се од регенеративната способност на гуштерите, тие создале техника која им овозможува на клетките да ги загубат своите возрасни карактеристики, да се регенерираат и да се размножуваат. Хипотетички ново добиените клетки може да поправат било каква повреда што настанала во телото.
-Оваа техника е значаен напредок во однос на многу други терапии со стем клетки кои се покажало дека многу малку или воопшто не помагаат во создавање на ново ткиво, вели водачот на истражувањето Џон Пиманда, од универзитетот од Нов Јужен Велс.
-Во моментот работиме на тоа да дознаеме дали човечките масни клетки може да се репрограмираат за безбедно да се поправи оштетено ткиво кај глувците. Експериментите со луѓе треба да започнат во 2017-та, додава тој.
Досега за овие експерименти се користеа ембрионски матични клетки, но истите се покажаа како несоодветно решение бидејќи стимулираат создавање на тумори.