Шешељ открива: Докторите ми предвидоа 6 месеци живот – еве како го лекував ракот
„Применив повеќе видови на алтернативно лечење. Не користев масло од канабис, иако бев склон и тоа да го пробам. Но, по совет на мојот лекар Милован Бојиќ тоа не го направив. Не сум против тоа, дури и јавно се залагав да тоа се дозволи како метод на лечење“, вели лидерот на СРС и откри како самиот се лекувал.Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ во интервју за „Личен став“ кој се емитува на Јутјуб, објасни како го победил ракот и на сите им го откри рецептот за волшебниот напиток кој него, како што тој тврди, го препородил!
Додека лидерот на радикалите бил во Хаг, во Србија од ден на ден стигнувале информации за неговата состојба и дека Шешељ се бори за живот, а тие стигнаа до таа мера во кои се тврди дека деновите му биле одброени!“.
Шешељ за Лични став открива како се изборил со овој пекол и како со помош на алтернативната медицина успеал да го сочува животот.
„За малку ќе умрев поради срцевите проблеми и сега имам вграден дефибрилатор со пејсмејкер. Сега срцето ми е санирано. Ќе ви дадам целосна информација. Имав рак на дебелото црево кое ми беше оперирано. Настапи метастаза, пробиен ми е ѕидот на цревата и метастазата се прошири на црниот дроб, ми извадија 20 лимфни чворови, од тие 4 или 5 не беа зафатени метастаза.
„Што се однесува до црниот дроб одбив да примам хемотерапија во Хаг. Примив еднаш и потоа наместо да одам на сонце, после неа и да се дружам со останатите за да го поправам расположението. Во Хаг ме затворија во некои бункер и ме држеа изолиран цела недела, поради што одбив да одам на нова хемотерапија. Поради тоа што одбив, лекарите проценија дека метастазата на црниот дроб ќе се развие и дека до јули ќе умрам. Тоа можеби беше една од причините зошто ме исфрлија од Хаг. Јас овде пристапив на лечење како конвенционално така и алтернативно, а што повеќе допринесе тоа не можам да ви кажам. Последен пат кога бев на преглед дијагностицирано ми беше дека метастазата се нема повлечено, дека едната е од 5 милиметри, а другата од 9“, изјави Шешељ.
Лидерот на радикалите откри кои се алтернативните видови на кои бил лекуван.
„Применив повеќе видови на алтернативно лечење. Не користев масло од канабис, иако бев склон да пробам. Но по советот на мојот лекар Милован Бојиќ тоа не го направив. Не сум против тоа, дури и јавно се залагав да тоа се дозволи како метод на лечње. Секое утро и до ден денешен земам 3-4 голтки сок од сибирска аронија. Секое утро пијам 2 децилитри сок од цвекло, морков, магдонос, целер и јаболки. Тогаш земав сушени семки од кајсија, оа витамин B17, тоа е цијанид или заснован на цијанид во количина недоволни за да го убие човекот, а тој многу полесно ги убива заболените клетки, зафатени со рак во организмот. Тој витамин го земам околу 100 дена, па пауза, и повторно го применувам процесот.