Фото

Фото: Децата на лондонските богаташи со пари бришат чевли

Интернет-заедницата пред неколку месеци беше шокирана од богатите деца на Техеран, а потоа и од ознаките и профилите кои се осмислени со цел богатите деца да се пофалат на Инстаграм, ја преплавија социјалната мрежа.

Богатите деца на Русија предизвикаа завист за луксузот кој го уживаат, а богатите деца на Лондон го разбеснеа светот со своето арогантно и разуздано однесување.

Богатите деца од Лондон имаат профили на Инстаграм и на Фејсбук, на кои објавуваат фотографии со кои сакаат да порачаат дека може да прават што ќе им падне на памет, само затоа што имаат многу пари отколку што им се потребни.

Bogati deca Britanija2

 

Позлатени автомобили, сончање на јахти и шишиња најскапо шампањско, се дел од секојдневието на наследниците на руските милионери кои не се срамат на интернет да покажат се што имаат.

Нивниот профил на Инстаграм го следат над 28.000 луѓе, додека на Фејсбук имаат околу 2.500 лајкови.

Bogati deca Britanija3

На двата профила тиа објавуваат фотографии од приватни авиони, луксузни автомобили, скапи куќи во кои живеаат и големи суми на пари.

Богатите деца на Лондон најмногу ја разбеснија светската јавност со нивниот однос кон парите. кој меѓу другото го користат и да си ги исчистат своите чевли, а меѓудругото парите ги користат и кака хартиечни марамчиња за бришење нос.

Bogati deca Britanija4

Покрај нивните фотографии честопати има навредливи коментари уптени од луѓето кои се далеку посиромашни од нив.
Луѓето кои немаат пари колку нив ги нарекуваат „сељаци“, па дури и ги фотографираат низ град и се чудат на нивното однесување.

Bogati deca Britanija5

На профилот на Инстаграм со ознака # richkidslondon, тие се фалат и со нивното непрописно паркирање каде што ќе им текне, а и зошто би се грижеле дали сообраќаец ќе им врачи казна кога ги имаат сите пари на светот.

Поврзани вести

Back to top button