МакедонијаТоп

Шверцерите порачаа: Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија

Навивачите на екипита Шкупи на синоќешниот фудбалски натпревар на стадионот во скопската населба Чаир истакнаа провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина. „Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – пишуваше на огромна парола која беше поставена низ целата трибина.

Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, што е уште потешка форма на говор на омраза.

Засега нема никаква официјална реакција на овие националистички испади ниту од ФФМ ниту од МВР, кои начелно се залагаат за сузбивање на говорот на омраза и навредите на национална основа на спортските натпревари.

Иако и тоа е со закон забрането во Македонија, неочекувано по натпреварот со запален факел во раката на теренот излезе и еден од фудбалерите на чаирчани. Тој претходно на лицето ја стави т.н. маска „Гај Фокс“ која е позната како „маска на одмазниците“ односно „маска на анонимните“, со цел да не биде идентификуван од полицијата.

Според Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортските терени секое палење факел, без разлика од која причина, носи и казна. Зачудува што изостана реакција од присутните полицајци на теренот, кои би морале да го идентификуваат фудбалерот на тимот од Чаир и да го санкционираат со парична казна од 500 евра.

Истовремено, поради палењето факели на трибините, како и таа на теренот, според истиот Закон, челниците на Шкупи би морале да бидат казнето со 5.000 евра додека одговорното лице на клубот со дополнителни 1.500 евра.

Поврзани вести

Back to top button