Избор на уредникотМакедонија

Нож и електрошок најдени кај ученици во Скопје

Електрошок и нож биле пронајдени кај двајца ученици во Скопје. Електрошокот и ножот се одземени и ќе следува соодветен поднесок.

– Вчера полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.

Завчера пак во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож, информираат од МВР.

Предметите биле одземени.

Поврзани вести

Back to top button